Mislam deka ima vakva studija tokmu za jagulata zasto ne e realizirana najverojatno poradi kompleknosta od megjudrzavnite dogovori i finansiite.Vo EU veruvam deka ima i fondovi za vakvi problematiki no baraat zaednicki elaborati megju drzavite koi sakaat i baraat resenie zasto ova ne e prasanje samo na Makedonija.Neznam dali e tocno no vo samiot proekt za branata na globocicko ez.postojat i vodnite skalila zasto ne se realizirani e ?.
... да, овај проблем не зависи само од нас, посебно за сливното подрачје Црн Дрим, пошто водни скали мора да има на двете страни, Македонија и Албанија, за да јагулата непречено од Средоземно Море дојде до езерата и реките на овај слив.
И кај нас има скали кај каскада канал 5,но тие скали секогаш се полни со трупци и секаков вид на ѓубре,кое некогаш и намерно се фрла за да се попречи природниот пат на рибата.Овие скали кои ги предвидел конструкторот се претесни т.е не е предвидено за надојдена вода која носи корења и трупци кои се заглавуваат во скалите.Оваа година за првпат не бев во можност да ги очистам бидејќи во нив има заглавено два трупа со корења кои сам човек не може да ги помрдне ,за жал ова година рибата ќе биде спречена да го продолжи природниот пат по река Лепенец.Другиот проблем е одкако ќе ги помине овие скали рибата ќе се соочи со непремостлива препрека од зид висок 3 метра во вертикала која и лосос неможе да ја помине,тука е крајот на патувањето на рибата по река Лепенец.Овој вертикален зид е кај болница Бардовци,овде рибата секоја година се масакрира се секакви недозволени средства.Овој проблем не е сегашен постои од како риболовам повеќе од 30 години.
... Гоце, една молба до тебе молим те кога одиш на тој потег направи едно кадро, ме интересира како изгледа тој дел. Жалосно е стварно доколку има водни скали/каскади да не се чистат, а најголемиот број на Риболивци се во Скопје, и редно е да се реагират поенергично тој дел да бидит одржуван, пошто сепак тоа е витално место за рибата која во тој дел гравитират.