www.ribar.com.mk http://mail.ribar.com.mk/forum/ |
|
Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) http://mail.ribar.com.mk/forum/viewtopic.php?f=102&t=5094 |
Страна 1 oд 2 |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Вто Сеп 09, 2014 7:19 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
Сигнализатор - Bait Alarm, денес е составен и неизоставен електронски уред во крапскиот риболов. Во последно време се повеќе навлегува и во сомскиот риболов (како и на останатите риби грабливки). Постојат безброј производители, а нивната цена се движи од неколку Евра па до неколку стотини. Теорија на работа Дали се изработени во дискретна техника (класични електронски компоненти, нормални или SMD), со програмабилен микроконтролер (PIC) или со специјално конструирани чипови исклучиво за нив сите они работат на ист принцип и ги имаат истите подсклопови. Сензор, генератор на инпулси, обликување на инпулси, светлосна и звучна сигнализација. Блок шема на електронски сигнализатор.
Прикажаната шема на сигнализатор е од поефтин модел на SPRO, Wave Carp. Досега сум видел шеми од повеќе сигнализатори и сите се скоро исти. Разликите помеѓу нив се најчесто во употребени вредности на компонентите. Прикажаната шема без некои посебни промени може да се употреби за сите наброени сензори. Кондензаторот C1 и отпорникот R2 директно влијаат на должината на формираните и обликованите импулси. Со намалувањето на вредностите се намалува и должината на импулсот, односно со зголемување на вредностите се зголемува време траењето на инпулсот. Сегашните вредности обезбедуваат време траење на инпулсот од приближно 100mS. Вредноста на кондензаторот C2 не влијае многу на должина на импулсите, но за правилна работа на колото би требал да биде околу 1/10 од вредноста на кондензаторот C1. Потреба за различна должина на инпулсите директно е врзана со употребениот сензор и фреквенцијата на промените кои ги предизвикува. При детектирањето на движење на конецот имаме најголема фреквенција на промени, додека при навалување фреквенцијата е најмала. Кондензаторот C3 и отпорникот R3 со своите вредности го одредуваат време траењето на светењето на втората LED диода по задниот формиран импулс. Дадените вредности обезбедуваат време траење на светењето на LED диодата од околу 30S. Со зголемување на вредностите се продолжува временскиот интервал, односно со намалување се намалува. Вредностите на отпорниците R4 и R5 го одредуваат интензитетот на светењето на LED диодите. Со зголемување на вредноста се намалува интензитетот на светењето и обратно со намалувањето. Вредноста на отпорникот R4 не би требало да биде помала од 330Ω бидејки може да влијае на работа на колото за формирање на инпулси и да предизвика неработење на колото за звучна сигнализација. Кондензаторот C4, отпорникот R3 и потенциометарот VR1 ја одредуваат фреквенцијата (боја на тонот) на звучната сигнализација. Со потенциометарот VR1 се менува фреквенцијата на звучната сигнализација, а неговата вредност го дефинира распонот на промената на фреквенцијата од најниска до највисока. Овдека одбраните вредности обезбедуваат промена на фреквенцијата од околу 2000 до 4000Hz. Со зголемување на вредностите на C4 и R3 се намалува горната граница на фреквенцијата и обратно. Промена на вредноста на отпорникот R7 влијае на максималната јаќина на звучната сигнализација. Со негово зголемување се наналува максимумот и обратно. Вредноста на отпорникот R7 помала од 1kΩ може да влијае на фреквенцијата на звучната сигнализација или уште полошо, да предизвика прегорување на транзисторот Q1 и употребеното интегрирано коло. Направи - Преправи Многумина посакале да нивниот сигнализатор работи поразлично од другите или да ја трошат помалце батеријата. Со промена на наведените вредности тоа може да се постигне. Нашиот неиспавен сигнализатор не мора да го фрлиме туку едноставно во неговата кутија да сместиме нова електроника направена според прикажаната шема. За реализација на овој сигнализатор употребено е интегрираното коло 74HC14 кое во себе содржи 6 шмит тригер инвертирачки бафери. Во сигнализаторот се употребени само 4. Сите употребени диоди се 1N4148. Транзисторот Q1 е N-тип и единствено при негов избор мора да се обврне внимание да максимално дозволенат струја која ке тече низ него не биде помала од 200mA. Прв мој електронски сигнализатор изработен 2005 година
Мислам дека сега некои работи се појасни. Не е се така компликовано како на прв поглед се чини НЕЛИ. Потребно е малце желба и да се направи нешто. Ако некаде нешто запне може во секое време да го искористите џокерот “ПОВИКАЈ ПРИЈАТЕЛ“ |
АвторCOLON | Vladimir Bitola [Вто Сеп 09, 2014 9:25 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
Zakon!!! Se sto citav poslednive nekolku meseci ovde si objasnal nadobro vo edna strana(se na edno mesto i kulturno objasnato) Bravo! |
АвторCOLON | okiribar [Вто Сеп 09, 2014 9:38 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
Е ова се вика ..ДЕТАЛНО ..објаснување. Тоа е нашиот .. БОБИ БРАДА.. |
АвторCOLON | Млад Риболовец [Чет Сеп 11, 2014 8:41 am ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
Сигнализатори имам Carp academy pulsar, единствена работа што не ми се допаѓа кај нив е малиот домет на базата. Дали тоа би можело некако да се среди? |
АвторCOLON | Šojka [Чет Сеп 11, 2014 3:46 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
Боби ... секоја чест ... |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Чет Сеп 11, 2014 9:19 pm ] | |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) | |
Сигнализатори имам Carp academy pulsar, единствена работа што не ми се допаѓа кај нив е малиот домет на базата. Дали тоа би можело некако да се среди?
Многу убаво прашање !Намеро околу можноста за оваква преправка и надоградба во темата не напишав ниту збор, бидејки директниот одговор на поставеното прашање е многу кус. И гласи:
Ако во дадениот комплет на сигнализатори не е употребена соодветна антена таа со леснотија би можела да се замени. Единствен услов е да се има доволно слободен простор. Како решение за базата е антената да се постави на надворешната горна страна, да стрчи, што всушност е и идеалното место за антената. Истотака мора да се обврне внимание на положбата на антената. Таа секогаш би требало да биде вертикално поставена. Антената за фреквентното подрачје на кое најчето работат сигнализаторите, 433.920MHz, е една мала спирала со точно одреден број на навивки на точно растојание една од дерга. Одземање - додавање на намотки или истегнување – собирање на спиралата само негативно ке влијаат на антената. Она на тој начин ке стане антена за некоја друга фреквенција. Ако предавателот или приемникот се реализирани како независни мали модули во нашиот комплет сигнализатори и база, треба едноставно да се побара соодветен модул со подобри карактеристики. Старите да се извадат и едноставно се заменат со новите. Е ако не се така реализирани предавателот и приемникот туку се реализирани како составен дел на “матичната плоча” тука проблемот е голем. Оваква преправка би морало да ја направи некој кој е доста искусен и стручен. Постои можност излезниот транзистор на предавателот да се замени со поснажен и да се добие поголема излезна моќност, а со тоа и да се зголеми дометот. Кај базата би требало да се препознае склопот на приемникот и истиот да се исклучи од работа. Наместо него, некаде во кутијата на базата, да се постави соодветен приемен модул и да се приклучи на “матичната плоча”. Оваквата преправка сепак зависи од имање на слободен простор. |
АвторCOLON | bubo skopje [Чет Сеп 11, 2014 10:41 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
Bobi eve javno da ti se zablagodaram sto preku tvojata tema go najdov problemot za mojot signalizator. |
АвторCOLON | ico baits [Чет Сеп 11, 2014 11:03 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
i mene mi pomogna mnogu, bravo bobi cari si |
АвторCOLON | Bobi_Brada [Чет Сеп 11, 2014 11:15 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
По кое прашање Ицо |
АвторCOLON | ico baits [Чет Сеп 11, 2014 11:19 pm ] |
Наслов на мислењетоCOLON | Re: Сигнализатор - Bait Alarm (направи - преправи) |
NESTO okolu antenata bobi, sega pocnav da fakam i radio bubamara |
Страна 1 oд 2 | Часовникот е според Македонско време или според зоната: UTC_OFFSET Etc/GMT-2 |
Powered by phpBB® Forum Software © phpBB Limited https://www.phpbb.com/ |