Колеги,
Сакам да прашам едно прашање шчо ме мачит една година цела.
Абе лани бев со еден пријател кој појма нема од риболов и ми вика ај ке одиме на риба на црна кај селото Манастирец (5-6 к. под браната од Возарци и нешто над Росоман) пошто он немаше дозвола за на Тиквешко. И ај ја се товарив, цел накострежен со шекерац, црв, леб, море и скачки бркавме по еддна нива 1 саат (попрво ќе ја скопавме
) и стигаме таму црна не пуштена, супер. Една каскада долга и широка, над неа мирно а под неа во една страна дрво паднато и мало островче. И ловевме мренки, него му удри на леб еден клен 700-800 грама (се посра од радост
) и гледам убаво под тоа дрвото, абе 5-6 клена поголеми од овој што го фативме и само стојат така во место и чекаат. А јас како мајстор останав со ситните
Море му фрлав пред нив, скачки, црвови пред нос им минеше...уште со рака да ги фатев....и никако не удрија. Сакам годинава пак да отидам ама дајте некој совет, како на овој дел од рекава, како да го фатам кленот
Дајте решение, а кленовите сигурно ќе бидат таму.